Генералштабот на украинските вооружени сили на Украина утринава соопшти дека руската војска извршила 10 воздушни и 10 ракетни напади во текот на претходниот ден, извршувајќи и 42 ракетни напади врз цивилната инфраструктура и предизвикувајќи штета во јужниот град Запорожје.
„Непријателот продолжува да напаѓа критична инфраструктура и цивилни домови, кршејќи го меѓународното хуманитарно право, како и законите на војната. Целите на цивилната инфраструктура во Запорожје беа погодени со проектил“, се вели во утринскиот извештај на Генералштабот, без да се дадат повеќе детали.
Регионот Запорожје е седиште на најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под руска окупација од почетокот на руската инвазија.
Речиси половина од украинскиот енергетски систем не функционира
Во соопштението на Генералштабот се вели и дека украинската војска успешно одбила шест руски напади во Донбас, додека воздухопловните сили на Киев извршиле седум напади врз областите каде има руски сили на истокот.
Русите „спроведуваат офанзивни акции во правците Бахмут, Авдијивка и Новопавлив“, се вели во соопштението, додавајќи дека украинските сили одбиле серија напади во Доњецк.