Речиси половина од енергетската инфраструктура во Украина е оневозможена од руските напади, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал на 18 ноември.
Москва продолжува со нападите што предизвикуваат прекин на гасот и струјата, а украинските сили ги одбиваат руските напади на исток.
Видете и ова: Украинците јавуваат за тешки борби на истокот, додека Русија цели на енергетските капацитетиШмихал рече дека само на 15 ноември, околу 100 руски ракети паднале врз украинските градови, а нивна главна цел биле енергетските капацитети.
По нападите, околу 10 милиони Украинци останаа без струја во Киев, Харкив, Житомир, Лвив и други градови, соопштија официјални лица.
Кремљ вели дека нападите, кои се совпаѓаат со опаѓањето на температурите, се резултат на „неподготвеноста на украинската страна да влезе во преговори“ со Русија.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање на 17 ноември рече дека седум лица биле убиени во нападите врз инфраструктурата и дека официјалните лица прават сè за да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија и гас.
Украинските власти денеска ги предупредија граѓаните на можност за повеќечасовно снемување струја, по жестоките артилериски и ракетни напади од Русија врз енергетската инфраструктура.