Државата ќе дели стипендии од 300 евра на студените по земјоделство, шумарство и ветеринарство

Илустративна фотографија

Државата ќе ги стипендира студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет во сите универзитети во земјава.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски најави дека студентите од овие факултети ќе добиваат месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината, а целта како што рече е да се зголеми интересот кај младите за изучување на овие струки.

„За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата, бидејќи создавааат нови генерации млади и стручни академски граѓани, кои со своето знаење треба да помогнат во развој на земјоделскиот сектор“, истакнал во своето обраќање на Земјоделскиот факултет министерот Николовски, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Студентски марш за повеќе права и подобар стандард

Последната анализа на Националната федерација на фармери покажа дека земјоделството не претставува доволен приход за домаќинствата, а значителен дел од испитаниците се изјасниле дека се на работ на егзистенција.

Истовремено за денеска е најавен марш на студентите на кој бараат подобрување на студентскиот стандард и зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 на 160 денари.