Руски напади во областа Одеса

Украина - архивска фотографија

Русија утрово на 17 ноември изврши напади во јужниот украински регион Одеса и врз градот Дњепар, прв пат по неколку недели,

Погодена е инфраструктурна цел во областа Одеса, изјави гувернерот Максим Марченко на социјалната мрежа Телеграм, предупредувајќи на заканата од „масивни ракетни напади на целата територија на Украина“.

Неколку експлозии се забележани и во Дњепар, каде се оштетени два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е рането, изјави заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.

Во руските напади врз Киев погодени две станбени згради

Системите за противвоздушна одбрана оперираат во централниот регион Киев, изјави гувернерот Алексеј Кулеба. Официјални лица во регионите Полтава, Харков, Хмелницки и Ривне ги повикаа жителите да останат во засолништа поради постојаната закана од ракетни напади.

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека новите руски ракетни напади биле насочени кон капацитетите за производство на гас и фабрика за ракети, пренесе новинската агенција Интерфакс Украина.

„Во моментов ракети летаат над Киев. Сега тие ги бомбардираат нашите обејкти за производство на гас, ги бомбардираат нашите ракетни фабрики во Дњепар и Јужмаш“, рече тој на конференцијата.