Украинското Министерство за инфраструктура на 17 ноември соопшти дека е постигнат договор за продолжување на иницијативата за извоз на жито од Црното Море за 120 дена, пренесува Ројтерс.
„Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата“, се вели во соопштението на министерството за инфраструктура на Украина.
Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море кој што беше постигнат во јули помеѓу Русија и Украина, со посредство на Турција и Обединетите Нации истекува на 19 ноември.
Украина сака да го продолжи договорот за извоз на жито
На почетокот на месецов беше објавено дека ОН и Турција повторно работат на посредување, што ќе овозможи продолжување на испораките од Украина, со што би се избегнало продлабочување на кризата со храна и гладот во светот.