Албанија инвестира 2,8 милиони евра за модернизација на серверите, по иранските хакерски напади

Илустрација за иранските хакерски напади врз албанскиот систем

Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојано објавувањето мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем.

По овој сериозен преседан кога беше нападната платформата e-Albania и системот TIMS каде што сите лични и државни податоци станаа јавни, Националната агенција за информатичко општество, АКШИ, која го контролира албанскиот кибер систем, започна со проект за модернизација на компјутерската опрема.

„Во моментов, инфраструктурата покажува одредени проблеми, кои треба да се решат што поскоро“, се наведува во документот на агенцијата.

За таа цел планирани се средства во износ од 2,8 милиони евра со надеж за модернизирање на албанскиот кибер-систем кој веќе е „заразен“ од ирански хакери.

Тендерската постапка е отворена вчера, 15 ноември, а компаниите кои ќе може да конкурираат до 10 идниот месец. По завршувањето на едномесечниот рок и затворањето на постапката за прогласување на победникот, се очекува на почетокот на 2023 година АКШИ да започне со замена на стариот со нов сајбер-систем.