Бун- Возможно е членството во ЕУ до 2030 година, но потребни се уставните измени

Францускиот државен секретар за Европа, Лоран Бун во посета на Скопје

Францускиот државен секретар за Европа, Лоран Бун, денеска изјави дека Франција секогаш ја поддржувала и ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција. Таа на средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека Северна Македонија има свое место во Европската Унија.

„Работевме заедно за да ги отвориме европските перспективи. Северна Македонија има свое место во Европската Унија, ќе ве поддржиме во наредниот период за да го добиете заслуженото место, изјави Бун.

Премиерот Ковачевски изјави дека сега е шочнато ново поглавје на европски пат во кое треба да се случат натамошни реформи за остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

“Шансата што ја имаме не смееме да ја пропуштиме“, порача премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун.

Во однос на уставните измени, Ковачевски изрази очекување дека пратениците ќе покажат, како што рече, државничко однесување и ќе го поддржат нивното донесување.

„ Остануваат уставните измени, знам дека одлуката на пратениците не е лесна, но очекувам да покажат државничко однесување. Секако дека имаат избор да остават се како што било, да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но уверен сум дека ќе бидат на ниво на задачата со цел подобра иднина за сите нас и за идните генерации“ изјави Ковачевски.

Бун додаде дека Франција има доверба и во амбицијата и крајната цел на премиерот Ковачевски и македонската влада . Според неа земјава напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство. Уставните измени се важни и се дел од европскиот договор.

„Полноправното членство во ЕУ во 2030 година не е невозможно, но треба да се работи, вклучително и тоа што премиерот го спомена, уставните измени“, рече Бун.

Според него македонскиот тим е подготвен, има знаење и експертиза и ќе го заврши скринингот во предвидениот рок од 14 месеци. Тој изјави дека владата донела храбри одлуки, а процесот на преговорите бил мачен.

„Но фактот дека излеговме од него како земја која се избори за своите позиции, не прави посебно горди,“ истакна премиерот.

Со усвојувањето на францускиот предлог се одблокираа во јуни македонските евроинтеграции. Според овој предлог, внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја.