Мексико заплени дрога спакувана во лепчиња

Илустрација

Мексиканските власти заплениле пластични кеси со 2.000 апчиња од наркотична супстанца фентанил , кои очигледно биле печени во традиционални полупечени лепчиња. Мексиканската Национална гарда сугерира дека нарко-картелите се обидуваат да ја доставуваат дрогата преку пратките со традиционални мексикански производи.

Специјално обучено куче ги предупреди членовите на Националната гарда за сомнителен пакет во компанија за брза испорака на пошта во Кулијакан, главниот град на северната држава Синалоа. Државата е дом на истоимениот нарко картел.

Кога полицајците ја отвориле кутијата, нашле пакети со чипс од пченка и четири традиционални лепчиња. Кога ги пресекле лепчињата во нив пронашле околу 500 таблети очигледно печени во секоја од нив. Мексико е главниот снабдувач на фалсификувани апчиња со фентанил кои убиваат десетици илјади Американци секоја година.