Бајден- Малку е веројатно проектилот што експлодира во Полска да е истрелан од Русија

Експлозијата во Полска на граница со Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека малку е веројатно во линиите на траекторијата на проектилот што слета во Полска, членка на НАТО и уби две лица да е истрелан од Русија. Бајден, говорејќи по свикувањето на вонредни разговори со лидерите на западните сојузници во Бали, Индонезија, на маргините на самитот на Г20, вети поддршка за истрагата на Полска за, како што ја нарече, ракета „произведена од Русија“.

Полските медиуми јавија дека две лица загинале во експлозијата во Пржеводов, село во источна Полска на околу шест километри од границата со Украина.

Русија негираше дека нејзините проектили погодиле полска територија, велејќи дека извештаите се „намерна провокација“ за ескалација на ситуацијата.

Претставниците на НАТО треба да одржат итен состанок на 16 ноември во 10 часот на барање на членката на алијансата Полска за да разговараат за инцидентот.

Состанокот се одржува врз основа на членот 4 на Алијансата според кој членките можат да покренат кое било прашање загрижувачко кога која било членка на НАТО чувствува дека нејзиниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ се загрозени.

Бајден истакна дека истрагите за инцидентот се уште се во тек, но рече дека постои „тотално едногласност“ меѓу светските лидери во поддршката на Полска во нејзините напори да ја утврди околноста на инцидентот.

„Постојат прелиминарни информации кои оспоруваат дека Русија го истрелала проектилот. Малку е веројатно во линиите на траекторијата дека е истрелан од Русија, но ќе видиме. Ќе се погрижам да откриеме што точно се случило“, рече американскиот претседател.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот „нема никаква врска со руското оружје.

„Немало удари на цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на инцидентот во населбата Пржеводов немаат никаква врска со руското оружје“, соопшти Министерството.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека нема информации за експлозијата во Полска.

Тројца американски функционери рекоа дека прелиминарните проценки сугерираат дека проектилот бил истрелан од украинските сили кон дојдовен руски проектил во услови на огромен бран напади врз електричната инфраструктура на Украина на 15 ноември. Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени јавно да разговараат за ова прашање .

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски ракети ја погодиле Полска во „значителна ескалација“ на конфликтот. Тој не достави докази за вмешаноста на Русија.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно им изјави на новинарите дека „најверојатно станува збор за проектил од руско производство“, но нема конкретни докази за тоа кој ја истрелал, а инцидентот бил еднократен.

Бајден телефонски разговарал со Дуда, нудејќи „целосна поддршка и помош на САД за истрагата на Полска“, соопшти Белата куќа.

Полска е заштитена со посветеноста на НАТО за колективна одбрана -- содржана во член 5 од нејзиниот основачки договор -- но одговорот на алијансата најверојатно ќе биде под големо влијание од тоа дали инцидентот бил случаен или намерен.

Амбасадорот на Русија во Полска е повикан да даде „веднаш детални објаснувања“, а војската е ставена во зголемена готовност по вонредниот состанок на Советот за национална безбедност, соопштија полските власти.