НАТО на итен состанок на барање на Полска

Претставниците на НАТО денеска треба да одржат итен состанок на барање на Полска откако две лица загинаа во експлозија предизвиката од залутани ракети.

Состанокот треба да се одржи врз основа на членот 4 на Алијансата, објави Ројтерс, цитирајќи двајца неименувани европски дипломати. Според член 4 од основачкиот договор на Алијансата, се донесува на тоа кога некоја змеја – членка се чувствува од друга земја или терористичка организација. Тогаш земјите-членки НАТО започнуваат формални консултации на барање на загрозената членка.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руска серија ракетни напади врз Украина

„Го проверуваме образложението за употребата на членот 4“, рече Јацек Сиевиера, шеф на полскиот Совет за национална безбедност.

„Ние сме во многу интензивни контакти со клучните сојузници.“

И властите во Македонија, најновата членка на НАТО, претходно рекоа дека се во консултации со НАТО сојузните и следат што се случува по експлозијата во Полска.

Извештаите дека две лица загинаа во експлозија предизвикана од залутани ракети во близина на границата со Украина. Експлозијата се случи откако Русија вчера изврши серија напади врз Украина со проектили.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со Сивиера, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон во соопштение.

Сиевиера подоцна на Твитер објави дека полскиот претседател Анджеј Дуда телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој ја потврди „железната“ посветеноста на САД на НАТО по повикот, соопшти Белата куќа. Бајден понуди и поддршка за помош во истрагата на Полска за експлозиите.

Соединетите Држави и западните сојузници претходно рекоа дека ги расзгледуваат извештаите за експлозиите, но не можеа да потврдат какви било детали.

„Ќе утврдиме што се случило и кои би биле соодветните следни чекори“, рече Вотсон во соопштението на Советот за национална безбедност.

Полска ја стави својата војска во зголемена готовност по итниот состанок на Советот за национална безбедност на земјата.

Членките на НАТО се посветени на колективната одбрана содржана во член 5 од основачкиот договор на Алијансата, но дури и ако се потврди прекуграничен напад, одговорот најверојатно ќе биде под влијание на тоа дали тој бил случаен или намерен.

Русија негираше дека нејзини проектили погодиле полска територија, велејќи дека извештаите се „намерна провокација“ за ескалација на ситуацијата.

„Немаше никакви напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на инцидентот во населбата Пржеводов немаат никаква врска со руското оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана. кажа.