Две лица загинаа во експлозија во Полска, Русија негира вмешаност

Мапа Гугл - локација на селото Пржеводов погодено од ексоплозија на 15 Неомври 2022

Две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина, соопштија во вторникот тамошните пожарникари.

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека нејзини ракети погодиле полска територија, опишувајќи ги извештаите како намерна провокација.

„Со руските средства за уништување не е извршени напад на цели во близина на украинско-полската граница“, се продолжува во соопштението.

Асошиетед прес цитираше висок претставник на американското разузнавање дека експлозијата била предизвикана од руски проектили кои влегле на територија на Полска.

Сепак, Пентагон соопшти дека не може да потврди дека руски ракети влегле во Полска.

Видете и ова: Молдавија без струја поради руските напади врз Украина


„Свесни сме за извештаите во медиумите дека два руски проектили погодиле локација во Полска во близина на границата со Украина. Можам да ви кажам дека во овој момент немаме никакви информации за да ги потврдиме тие извештаи и истражуваме дополнително“, рече Патрик Ридер, портпаролот на Пентагон.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека извештаите се „многу вознемирувачки“ и дека работат на утврдување што се случило во Полска и кои да им бидат следни чекори.

Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека веста од Полска е „многу загрижувачка“ и дека Естонија е подготвена да го брани „секој сантиметар од територијата на НАТО“. Литванскиот претседател рече дека неговата земја е со Полска и ја повтори истата порака за одбрана на територијата на НАТО.

Чешкиот премиер Петр Фиала изјави дека доколку Полска потврди дека проектилот погодил нивна територија „тоа ќе биде дополнителна ескалација на Русија“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот комитет за прашања за национална безбедност и одбрана, објави на Твитер владиниот портпарол Пјотр Мулер.

Портпаролот за безбедност на Владата и претставник на кабинетот на премиерот одбија да коментираат повеќе.

Мулер изјави за новинарите подоцна во вторникот дека комисијата е свикана поради „кризна ситуација“, додавајќи дека релевантните информации ќе бидат претставени на јавноста подоцна. Тој ги повика медиумите во меѓувреме да не објавуваат „непроверени информации“.

Полска е членка на НАТО алијансата.

„Пожарникарите се на терен, не е јасно што се случило“, изјави Лукаш Куси, дежурен офицер во блиската противпожарна станица.

Видете и ова: САД: Новите руските напади врз Украина ќе ја зголемат загриженоста на Г20

Без да даде повеќе детали, полското радио ЗЕТ претходно објави дека две залутани ракети го погодиле Пржеводов, при што загинале две лица.

Русија во вторникот изврши жестоки нападна во градовите низ Украина, при што Киев рече дека тоа се најтешките воздушни напади од почетокот на војната. Некои ракети го погодија и Лвив, кој се наоѓа на помалку од 80 километри од границата со Полска.