Руските ракетни напади врз Украина од кои некои погодија станбени згради во Киев, ќе ја зголемат загриженоста на земјите од Г20, соопшти Белата куќа.
„Русија повторно ги загрозува тие животи и ја уништува критичната инфраструктура на Украина. Овие руски напади само ќе служат за продлабочување на загриженоста меѓу Г20 за дестабилизирачкото влијание на војната на Путин“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека две станбени згради биле погодени за време на руски ракетен напад врз украинскиот главен град. Русија ги засили ракетните напади врз Украина во последните недели, при што проектилите ја оштетија енергетската инфраструктура, како и станбените згради.