Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека две станбени згради биле погодени за време на руски ракетен напад врз украинскиот главен град. Кличко, повикувајќи се на прелиминарни информации, напиша на апликацијата за пораки Телеграм дека медицинските лица се на местото на настанот во центарот на Киев и дека биле соборени неколку проектили.
"Напад на главниот град. Според прелиминарните информации, две станбени згради биле погодени во областа Печерск. Неколку проектили биле соборени од воздушната одбрана над Киев. Лекарите и спасувачите се на местото на ударите. Подетални информации подоцна", напиша Кличко.
На видеата објавена на социјалните мрежи од заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленскии се гледа како пламен избива од мал станбен блок.
Русија ги засили ракетните напади врз Украина во последните недели, при што проектилите ја оштетија енергетската инфраструктура, како и станбените згради.