Канцеларијата на Обединетите Нации за човекови права соопшти дека и Русија и Украина мачеле воени заробеници за време на речиси деветмесечниот конфликт, наведувајќи примери за употреба на електрични шокови и присилна голотија.
Мониторинг тим на ОН со седиште во Украина ги базираше своите наоди на интервјуа со повеќе од 100 воени заробеници од двете страни на конфликтот, пренесува Ројтерс.
„Интервјуата со украинските воени заробеници беа направени по нивното ослободување, бидејќи Русија не дозволуваше пристап до местата на притвор“, се наведува во соопштението.
- Водител на руската државна телевизија доби суспензија откако повика да се удават украински деца
- САД: Русија поставува „филтрациони“ кампови на окупираните територии во Украина
Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари, негира тортура или други форми на лошо постапување со воените заробеници.
Киев претходно соопшти дека ги проверува сите информации во врска со третманот на затворениците и дека ќе ги истражи сите прекршувања и ќе преземе соодветни правни мерки.