Времето денеска променливо облачно со магла

илустрација

Денеска не очекува променливо облачно време, а според најавите на УХМР во претпладневните часови повторно ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините.

Попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје исто така променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.