Германија и Полска ги презедоа деловите од „Гаспром“ на нивните територии

илустрација

Германската влада објави дека ја национализира германската филијала на руски Гаспром со цел да ја спаси од банкрот презадолжената компанија со која управува од април, пренесе АФП.

Гаспром ќе изгуби дел од контролата и во друга стратешка инфраструктура за снабдување со гас во Европа, гасоводот Јамал-Европа, чиј голем дел минува низ Полска.

Полска претходно објави дека го става под државна контрола рускиот удел во компанијата ЕуроПол ГАЗ, која управува со гасоводот Јамал на полска територија.

„Одлуката што ја донесе Полска денеска е неопходна за добро функционирање на Еуропол ГАЗ, за да се избегне парализа при одлучувањето во таа компанија и да се обезбеди безбедност на критичната инфраструктура наменета за транспорт на гас“, рече полскиот министер за развој Малдегем Бида во изјавата за јавноста.

Гаспром поседуваше 48 отсто од таа компанија, а полската држава 52 отсто.

Во двата случаи, целта на овие државни интервенции е да се гарантира безбедноста на снабдувањето со гас во контекст на енергетскиот спор меѓу Москва и Западот од почетокот на руската инвазија на Украина.

Берлин по втор пат за неколку месеци национализира водечка енергетска компанија, бидејќи веќе ја спаси германската компанија Унипер, која беше погодена од прекините на протокот на рускиот гас.