Студентски протест пред Парламентот: На гладно и на ладно не се учи
Транспарент пред пред законодавниот дом, каде неодамна беа предложени законски измени со кои се планираше кратење на бесплатниот студентски оброк за студентите кои земаат стипендии, за апсолвентите и за оние чии семејства имаат плата повисока од минималната.
Освен против уништувањето на студентскиот стандард, студентите бараат сите студенти во земјава да бидат изземени од мерките за штедење на Владата, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари. Бараат и подобрување на условите во студентските домови
Студентот на Правниот факултет при УГД Штип, Јован Јанев, којшто е дел од Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ кое преку социјалните мрежи повика на протест, за РСЕ вели дека движењето настанало спонатно по ваквите предлози, но и поради наталожените проблеми и огромното незадоволство помеѓу студентите
Лидерот на студентите на УСС УКИМ, Славчо Темелковски, за РСЕ вели дека Универзитетско студентско собрание на УКИМ не стои позади организацијата на денешниот протест и дека тие се обидуваат прво преку соработка со институциите да ги решат проблемите
Отпорот кај студентите се појави по предлог на пратениците од владејачкото мнозинство со кој преку измени во законот се ускратува правото за бесплатен студентски оброк на одередени категории на студенти
Студентите на протестот оставија порции со храна каква што тие добиваат во студентските домови
На протестот голем дел од студентите дојдоа со транспаренти со досетливи пораки до пратениците
За време на протестот во Собранието се одржуваше средба меѓу претставници на законодавната власт и претставници на студентите
Оброкот н(аш) во Собрание кај вас, порачаа студентите од протестот
Студентите испратија порака во која го спомнаа и вицепремиерот Бојан Маричиќ, алудирајќи на случајот „со трошењето пари за ручеци и репрезентации во неговиот ресор“
Фотографија со порака до политичарите кои решаваат за законите кои ги засегаат директно студентите