Советот на јавни обвинители го именува Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО ГОКК).
На денешната 70-та седница, Советот донесе и решение за мирување на функцијата на Абази како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, од каде доаѓа на функцијата шеф на ОЈО ГОКК.
За државниот обвинител Љубомир Јолевски, со уште неколку члена на Советот на ЈО, Иџет Мемети, Арбер Исаку и Коле Штерјев, ја посочија досегашната работа на Абази за добар показател за неговите менаџерски и стручни капацитети. Во неговиот мандат во Вишото јавно обвинителство Гостивар, правата година биле преполовени, а потоа и целосно расчистени сите застарени предмети, што, како што посочија,.
На изборите за шеф на ОЈО ГОКК на 7 ноември, Абази освои најмногу гласови – 66, втор од четворицата пријавени кандидати по бројот на добиени гласови (64) беше Ермон Незири, досегашната шефица на ГОКК Вилма Русковска освои 14, а Деса Пауновска десет гласа. Од вкупно 163 јавни обвинители петмина не гласале, а четири гласачки ливчиња биле неважечки.
Ова беше прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.
Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.
Абази, на прес конференција за медиумите еден ден по изборите, рече дека работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и професионално и законито работење ќе го претставува ОЈО ГОКК.
Дамка на изборот на Абази беа објавените фотографии со челници на ДУИ, иако тој претходно негираше дека нема лични контакти со партијата на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека изборот на Абази за наследник на Русковска е партиско политички договор на власта, а државата Антикорупциска комисија изрази сомнеж во критериумите за избор.