Осомничената поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова денеска не се појави на судското рочиште против неа.
Таа е првообвинета за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница.
Судското рочиште е одложена за 2 февруари.
Димова побарала одложување поради влошена здравствена состојба.
Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.
На Димова од Судот и се одредени мерки за претпазливост, односно одземен и е пасошот.
Истрагата беше спроведена откако дел од медиумите објавија извештаи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата, по што истрага за евентуална злоупотреба на средствата спроведе Финансиската полиција, која наодите ги достави до Јавното обвинителство.
Покрај Димова обвинети се и Александар Гочев за кривично дело „измама“, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Обвинетите се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на европската заедница во вкупен износ од 400 илјади евра.