Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на 14 ноември во Владата на Македонија се сретна со претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама.
Двајцата премиери разговараа за унапредувањето на меѓусебните односи и за потребата соработката да се продлабочи во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.
Ковачевски и Рама разговарале и за процесот на интеграција во ЕУ со цели и двете земји да станат полноправни членки на Унијата до 2030 година.
Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката.
Претходно со високи државни почести Рама и делегацијата од Албанија беа пречекани на платото пред Владата. Двете делегации одржуваат заедничка меѓувладина седница. По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.