Шпиони, пиони, специјалци...
ГЕРМАНИЈА / ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британски чувар во амбасадата на Обединетото Кралство во Германија се изјасни за виновен за прекршување на Законот за службени тајни, откако ѝ предал информации на Русија, соопштија денеска официјални лица. 58-годишниот Дејвид Балантин Смит на суд кажа дека е мотивиран да оддава информации поради интензивна омраза кон својата татковина.
БУГАРИЈА - Поддржувачите на синдикатите излегоа на улиците пред зградата на бугарскиот парламент во Софија за да побараат повисоки плати за борба против зголемената инфлација во најсиромашната земја во ЕУ.
ГЕРМАНИЈА - Германскиот канцелар Олаф Шолц разговараше за ситуацијата во Украина со претседателот Володимир Зеленски во денешен телефонски разговор пред одржувањето на Самитот на Г20, при што Зеленски го информирал Шолц за најновите случувања во Херсон, соопшти официјален Берлин.
ЕУ - Косовските Срби треба веднаш да се вратат во институциите на Косово и да продолжат со своите должности, а Косово треба да ги усогласи процедурите за регистарски таблички со претходните договори од Дијалогот и да започне преговори за формирање Заедница на општини со мнозинско српско население без понатамошно одлагање.
МАКЕДОНИЈА - Управниот одбор на македонската контрола на летање М-НАВ денеска соопшти дека одлучил да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување.
УКРАИНА - Киев денеска го поздрави најавеното повлекување на Русија од јужниот украински град Херсон, како уште еден клучен успех на бојното поле во операцијата на Украина за ослободување на територијата окупирана од Москва по нејзината инвазија во февруари.
КОСОВО - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, закажа консултации со политичките партии за 14 ноември за одредување на датум за нови вонредни избори за градоначалници во четирите општини на северот на Косово: Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.
СРБИЈА - Полицијата во Белград уапсила 17 лица кои се осомничени за сторени повеќе кривични дела меѓу кои и неколку тешки убиства.
Како што соопшти Обвинителството за организиран криминал, при апсењето одземени се повеќе парчиња огнено оружје, поголема сума пари, неколку луксузни патнички возила и шифрирани телефони.
РУСИЈА - Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека неговата организација почнала да тренира цивили во руските региони кои граничат со Украина, за потоа да формираат милиции.
МАКЕДОНИЈА - Пратеникот и претседател на „Левица“ Димитар Апасиев денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека поднел писмен поднесок за деловничко усогласување на првично поднесената предлог иницијатива за распишување задолжителен дополнителен референдум, во врска со францускиот предлог.