Во Белград уапсени 17 соработници на кавачкиот клан

Илустративна фотографија.

Полицијата во Белград уапсила 17 лица кои се осомничени за сторени повеќе кривични дела меѓу кои и неколку тешки убиства.

Како што соопшти Обвинителството за организиран криминал, при апсењето одземени се повеќе парчиња огнено оружје, поголема сума пари, неколку луксузни патнички возила и шифрирани телефони.

Организираната криминална група, како што се додава во соопштението, делувала како посебен дел од таканаречената организирана криминална група „Кавачи“.

Во соопштенито исто така се наведува дека во претходниот период неколку членови на оваа група биле уапсени во странство.

„Оваа криминална група беше финансирана од организираната криминална група „Кавачи“ и имаше за цел да изврши најтешки кривични дела во Србија, меѓу другото, да ги нападне највисоките државни функционери во Србија“, соопшти обвинителството.

Уапсените се приведени во полиција и со кривична пријава ќе бидат изведени во Обвинителството за организиран криминал.