Двајца браќа родени во Иран се обвинети во Шведска за за наводно шпионирање за Русија во време од околу една деценија, соопштија обвинителите.
Еден од нив работел за домашната разузнавачка агенција на Шведска. Властите ги идентификуваа како Пејман Киа (42) и Пајам Киа (35).
Еден од мажите исто така е обвинет за наводно грубо неовластено ракување со тајни информации. Не е јасно за кој од браќата станува збор.
Според обвинението до кое дојде Асошиејтед прес, мажите „заеднички“ предавале информации на руската воена разузнавачка служба ГРУ во периодот од 28 септември 2011 година до 20 септември 2021 година.