Се крчка кривичниот законик, најави за новини во системот на санкции

Министрство за правда

Законите не можат да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници на легитимно политичко дејствување, а Казненото право како највисок степен на заштита треба да биде граница преку која не смее да помине никој, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешна стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик.

Тупанчески информираше дека од објавувањето на законот на ЕНЕР, на почетокот на јули оваа година, биле добиени голем број коментари. Притоа забележа дека имало ситуации каде што биле констатирани одредени неконзистентности во нормативата, односно одредбите кои беа дел од КЗ.

„Ова е навистина добра можност комплетно да се ревидира кривичното законодавство, да се направи негова кодификација и во целост да се преиспитаат, ревидираат и истовремено да се донесат одредби кои ќе бидат дел од кривичниот законик и ќе кореспондираат со адекватните европски и светски трендови“, рече тој, дополнувајќи дека ова ќе биде одлична алатка за сите судии, обвинители и институции во однос на подобрување на легислативната рамка и подобрување на состојбите.

Владо Камбовски, академик и претседател на Комисијата за подготовка на новиот Кривичен законик, рече дека вниманието било фокусирано на неколку новини.

„Пред сè на системот на санкции, потоа посебните казнено-правни мерки како што е конфискацијата и одземањето на предмети, во посебниот дел тоа е низа нови инкриминации, кои се рефлексија на појава на нова форма на криминал, особено еколошката сфера или сферата на био-етиката, потоа заострување на казнено-правната репресија во однос на одредени тешки форми на криминал од корупција до тероризам и злоупотреби на власта, заштита на интересите на ЕУ“, истакна тој.

Во изјава за медиуми, професорот истакна дека значајна измена во општиот дел е допрецизирање на режимот на конфискацијата на криминалните приноси.

Како значајни измени ги наведе и системот на инкриминација, појавата на нови инкриминации – во делот на делата квалификувани облици на говор на омраза со кои, како што рече, треба да се реагира на поплава од говор на омраза од социјални мрежи до јавни трибини и слично, родовата еднаквост, заштита на ранливи категории, новинарите, кај делата против службената должност, делата против економијата и финансиите и делата на стечај