Наздравувајќи со шампањ, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Беким Сали и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри го отворија новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Премиерот Ковачевски потенцираше дека со овие апарати ќе се зголеми бројот на пациенти кои ќе добиваат услуги на дневно ниво.
Еден од приоритетите на Владата е здравството, рече Ковачевски, потенцирајќи дека апаратите веднаш се ставаат во употреба.
Апаратите, како што изјави премиерот се набавени во рамки на поголема набавка на повеќе апарати во вкупна вредност од 1.1 милион евра, додека за двете магнетни резонанци сумата изнесува 754.168 евра и спроведена е во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со италијанската Амбасада.
Министерот Сали пак додаде дека во тек е обука на кадарот од обучувачи од Италија. За почеток се очекува овде да с епрегледуваат по 15 пациенти дневно.