Жестоки борби во Доњецк, американски генерал процени дека во војната има над 200.000 жртви

Илустративна фотографија

Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците.

Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина.

Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.

Руските сили извршија воздушни напади и нападнаа со ракети повеќе од 30 населени места во регионите Доњецк, Луганск, Дњепропетровск, Запорожје, Миколаев, Суми и Керсон, соопшти војската.

Американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб на 9 ноември изјави дека околу 100.000 руски и 100.000 украински војници биле убиени или ранети во војната, што е највисока проценка дадена досега од западен официјален претставник.

Мили, говорејќи на настан во Њујорк на 9 ноември, исто така посочи дека околу 40.000 цивили загинале во конфликтот. Проценките не можеа да бидат независно потврдени. И Киев и Москва внимателно го чуваат бројот на жртвите.

„Имаше огромна количина на страдање, човечко страдање“, рече Мили.

Според последното ажурирање на Русија во септември, 5.937 војници биле убиени од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

Осврнувајќи се на наредбата на Шојгу за повлекување од Керсон, Мили рече дека првичните показатели сугерираат дека Русија го следи своето повлекување, но тој предупреди дека може да биде потребно време за тоа да се заврши.

Херсон многу воени аналитичари го сметаат како најважен од четирите делумно окупирани украински региони кои Русија ги објави како анектирани во септември. Преку него се контролира и единствениот копнен пат до Украина, полуостровот Крим, анектиран од Русија, и устието на реката Днепар што ја преполовува Украина.

Киев реагираше претпазливо на најавата за повлекување, истакнувајќи дека некои руски сили останале во Керсон и дека засилување е испратено во регионот.