Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за претстојниот самит на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во телефонски разговор што го објави прес-службата на ерменскиот лидер на 9 ноември.
На 23 ноември во Ереван треба да се одржи самит на ОДКБ, безбедносната групација предводена од Русија од шест поранешни советски држави, во која се вклучени и Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.
Според прес-службата на Пашинјан, двајцата лидери разговарале и за агендата на посетата на Путин на Ерменија на 22 ноември. Во извештајот на Кремљ за телефонскиот разговор, сепак, не се споменува посетата.
Од ерменската прес служба додаваат дека Пашинјан и Путин размениле мислења и за низа настани што се случиле откако Путин беше домаќин на разговорите во Сочи на 31 октомври меѓу Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и за спроведувањето на постигнатите договори за хуманитарни прашања.
Состанокот на 31 октомври се фокусираше на решавањето на ерменско-азербејџанските односи и иднината на Нагорно-Карабах, регион за кој Ереван и Баку се бореа есента 2020 година и каде Москва ги распореди своите мировници откако посредуваше за прекин на огнот за ставање крај на шестнеделните борби.
Разговорите во Сочи беа проследени со поголем ерменско-азербејџански дипломатски ангажман. Прво на ниво на вицепремиер во Брисел на 3 ноември за да се разговара за прашањата за демаркација, а потоа и на ниво на државен секретар во Вашингтон на 7 ноември, состанок организиран од Секретарот на американскиот Стејт департмент, Антони Блинкен.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше средбата во Вашингтон меѓу Арарат Мирзојан и Џејхун Бајрамов, истакнувајќи дека разговорите водени од САД биле спроведени „земајќи ги предвид резултатите од самитот во Сочи“.
„Никаде не видов дека партиите одбија да се повикаат на постигнатите договори. Да ве потсетам дека во заедничката изјава шефовите на држави ја истакнаа важноста од подготовка на мировен договор меѓу Баку и Ереван со цел да се постигне одржлив и траен мир во регионот“, рече Захарова на влерашниот брифинг со новинарите.