Илон Маск се обиде да ги увери големите компании кои се рекламираат на Твитер дека неговото хаотично преземање на платформата нема да им наштети на нивните брендови, признавајќи дека некои „глупави работи“ може да се случат на неговиот пат да го создаде, она што го нарекува, поодобро и побезбедно корисничко искуство.
Последниот непредвидлив потег кон големите огласувачи, од чии приходи инаку зависи компанијата, беше одлуката на Маск да ја укине новата „официјална“ етикета за профили на големи компании и познати институции само неколку часа по нејзиното воведување.
Маск неодамна стана шеф на компанијата што ја купи за 44 милијарди долари, а неговото однесување беше причина дел од корисниците да ги затворат своите профили на познатата социјална мрежа.