Републиканците не ги ги исполнија очекувањата на изборите во САД

Илустрација

Републиканците остварија скромни резултати на среднорочните избори во САД, а нивните победи во трката за пополнување места во Претставничкиот дом и Сенатот не успеаја да создадат убедливо преземање како што се предвидуваше.

Неколку медиуми прогнозираат дека републиканците ќе добијат седум места, две повеќе отколку што им беше потребно за да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом за прв пат од 2018 година.

Контролата на Сенатот - во моментов поделена 50-50 со демократите е се уште неизвесна бидејќи пребројувањето на гласовите во тесните трки во Аризона, Невада и Џорџија уште трае.

Ако републиканците успеат да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом, дури и тенкото мнозинство би ја попречило агендата на претседателот Џо Бајден, демократ, во следните две години. Тоа, исто така, може да предизвика истраги за Бајден и неговото семејство. Ако републиканците го преземат Сенатот, тоа може да значи и проблеми за потврдување на неговите назначени.

Републиканците очекуваа победи во Претставничкиот дом и Сенатот за да и дадат на партијата моќ да блокира голем дел од агендата на претседателот во следните две години.

„Дефинитивно не е републикански бран, тоа е сосема сигурно“, изјави републиканскиот американски сенатор Линдзи Греам во интервју за NBC.

Републиканците водат на изборите за Претставничкиот дом, изедначено за Сенатот

Многу кандидати поддржани од поранешниот претседател Доналд Трамп се претставија лошо.

Официјални лица проценуваат дека повеќе од 46 милиони гласови биле дадени предвреме, а некои аналитичари рекоа дека конечниот број на гласачки ливчиња би можел да го надмине рекордот од 115 милиони, поставен на меѓувремените избори одржани во 2018 година.