Министерот за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските војници да се повлечат од десниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, што е уште едно повлекување од руска страна во услови на голем број неуспеси на Москва на боиштата во источниот и југоисточниот дел на Украина.
Шојгу на состанокот со командантот на руските трупи во Украина, армискиот генерал Сергеј Суровикин, на 9 ноември рече дека повлекувањето мора да се спроведе што побрзо.
„Животите на рускиот воен персонал се секогаш приоритет за нас. Ние, исто така, мора да ги земеме предвид заканите наметнати врз цивилното население и да се погрижиме сите цивили кои избраа да заминат да можат да го сторат тоа. Исто така, треба да започнеме со повлекување на војниците и да ги преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди преместување на воениот персонал, оружје и опрема на другата страна на Днепар“, рече Шојгу.
Путин прогласи воена состојба во регионите заземени од Москва
Официјални претставници на Москва воХерсон со недели велат дека ги евакуираат жителите на Херсон во „другите делови на Руската Федерација“.
Херсон го сметаат многу воени аналитичари како најважен од четирите делумно окупирани украински региони кои Русија ги прогласи како анектирани во септември.
Москва ги нарече претходните повлекувања на руските војници од областите блиску до главниот град на Украина Киев и источниот регион Харков како „гест на добра волја“ и „прегрупирање“.