Кремљ: Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на изборните резултати во САД

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од среднорочните избори во Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска Кремљ.

„Овие избори, во суштина, не можат ништо да променат. Нашите односи засега се лоши и ќе останат такви“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

Републиканската партија е на пат да ја преземе контролата над Претставничкиот дом од Демократската партија, покажуваат прелиминарните резултати од изборите во САД.

На изборите за Сенатот, демократите и републиканците имаат по 48 мандати, пренесува CNN. Ова тело има 100 места и мора да се освои 51 место за контрола.