Утрово облачно со магла, преку ден сончево

илустрација

Времето денеска претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

И во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 степени во Маврово до 20 степени во Дојран.

И утре ќе имаме магливи утра и ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 14 до 20 степени.

Според најавите од УХМР, во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.