Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека тековната неиспровоцирана инвазија на Русија врз неговата земја го одвлекува вниманието на светот од напорите за борба против климатските промени. Во своето видео обраќање на 27-от годишен состанок на ОН за климатски промени (КОП 27) во Египет, Зеленски рече дека „не може да има ефективна климатска политика без мир“. Тој додаде дека агресијата на Русија против Украина уништила 5 милиони хектари шуми и донела енергетска криза, принудувајќи некои Украинци да продолжат да користат јаглен.
Повеќе од сто светски лидери денеска се состанаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, на самитот за климатски промени - КОП27.
Станува збор за 27-та редовна конференција на потписничките на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени од 1992 година, а на дневен ред ќе има повеќе теми кои веќе беа дискутирани на претходната конференција КОП26, која се одржа во ноември 2021 година во Глазгов, Шкотска.
Станува збор за итно намалување на емисијата на штетни гасови, за градење на отпорност и прилагодување на неизбежните последици од климатските промени и за исполнување на ветената финансиска поддршка за борба против климатските промени.