Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бара претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески да си поднесе оставка по денешниот вербален инцидент во Советот. Во соопштение до медиумите таа наведува дека Славевски треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје, смислената хајка поради политичката нетрпеливост и поради потребите на ПР тимот на Христијан Мицкоски.
„Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 совентици, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славески кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор, се вели во соопштението испратено до медиумите од Градот Скопје.
Во соопштението е наведено дека против претседавачот на Советот на град Скопје Трајко Славески е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот, Законот за локална самоуправа и Деловникот град Скопје.
Што е ветено, а што остварено една година по изборот на нови градоначалници?
Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ја прекина денешната седницата за советнички прашања, откако се случи расправија меѓу него и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Расправијата се случи откако Славески го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса, откако службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во пленарната сала на Советот. Славески го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира. Славески потоа ја прекина седницата и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.