Граѓаните на САД денска почнаа да гласаат на изборите за двата дома на американскиот Конгрес.
Избирачките места на источниот брег почнаа да се отвораат во шест часот наутро по локално време.
Повеќе од 40 милиони луѓе веќе го дадоа својот глас на националните прелиминарни избори за контрола на Домот и Сенатот.
Според агенцијата Асошиејтед прес, Републиканската партија брка мнозинство во Конгресот што би ја парализирало работата на претседателот Џо Бајден во следните две години и би го отворила патот за републиканскиот кандидат за Белата куќа.
Претставничкиот дом има вкупно 435 места, а за контролата над Сенатот се води борба за 34 од вкупно 100 места.
Инаку, демократите ги контролираа двата дома од 2020 година.