Украина ја обвини Русија дека ограбува празни куќи во јужниот град Херсон и дека куќите ги окупирале војници во цивилна облека за да се подготват за улични борби.
„Додека жителите на Херсон се насилно депортирани од нивните домови, зборувајќи за „евакуација“, членовите на руската армија и ФСБ (Федералната служба за безбедност на Русија) го прават она што најмногу го сакаат - ограбувајќи им ги куќите“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
Ројтерс побара коментар од руските власти за наводите на Украина. Москва негира дека злоставува цивили.
Во последните денови Русија им нареди на цивилите да излезат од Херсон во очекување на украинскиот напад.
Во Херсон, со предвоено население од речиси 300.000 жители, струјата и водата се исклучени во последните 48 часа, соопштија двете страни.
Руските власти за тоа ја обвинија украинската „саботажа“ и рекоа дека работат на враќање на електричната енергија.
Украинските власти рекоа дека Русите демонтирале 1,5 километри далноводи и веројатно нема да се врати струјата додека украинските сили не ја окупираат областа.
Киев ја опиша евакуацијата на областа како присилна депортација, воено злосторство. Москва вели дека ги депортира жителите од безбедносни причини.
Ситуацијата во Херсон не можеше да се потврди независно.
Херсон беше окупиран од Русија во првите денови од инвазијата.
Во септември Русија го анектираше Херсон, како и три други региони, а потоа прогласи вонредна состојба во четири провинции.