Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во текот на минатата недела од 31 октомври до 6 ноември направени се 3.281 тест, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19 со намалување од 14,8 отсто во однос на минатата недела. Од вкупниот број на позитивни 50 се реинфекции со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години. Оздравени се 221 пациент, а не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.