Ислам Абази избран за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е избран за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција- ОЈО ГОКК откако тој доби највеќе гласови од своите колеги. Абази освои 66 гласови.

Неговата колешка од Вишото обвинителство- Гостивар, Деса Пауновска доби најмалку гласови, односно 10. Зад Абази со освоени 64 гласови е Ермон Незири од скопското обвинителство. Суспендираната шефица Вилма Русковска која исто така се кандидираше освои 14 гласови.

Четворицата канидати и избирачите имаат право на приговор како и пет часа по објавување на резултатите.Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.

Советот на јавното обвинителство во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе го именува на функцијата јавниот обвинител што добил најмногу гласови. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира на секои четири години.