ЕK ќе предложи финансиска поддршка за Украина до 18 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Украина Володимир Зеленски, септември 2022 година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе предложи Европската унија следната година да ја поддржи Украина со средства до 18 милијарди евра.

Во соопштението на Европската комисија се вели дека Фон дел Лајен во телефонски разговор го информирала украинскиот претседател Володимир Зеленски за нејзиниот план да го предложи пакетот.


„Двајцата лидери ја препознаа важноста од обезбедување предвидливо и редовно финансирање на основните државни функции“, се вели во соопштението.

Поддршката ќе дојде во форма на „високо попустливи долгорочни заеми“ кои исто така ќе работат за поддршка на реформите на Украина и нејзиниот пат кон членство во ЕУ, се вели во извештајот.