Годишниот самит на Обединетите нации (ОН) за климатски промени кој се одржува во Египет, започна со повици до земјите да преминат „од ерата на обврски во ерата на имплементација“.
На конференцијата, позната како COP27, се очекува да се обратат повеќе од 120 светски лидери. Се очекува повеќе од 40.000 луѓе да учествуваат на настанот, но некои активисти изразија загриженост за рекордното кршење на човековите права во Египет.
На отворањето на конференцијата, ОН објавија нов извештај во кој се опишува „климатскиот хаос“.
- Популацијата на дивиот свет е намалена за речиси 70 проценти од 1970 година
- Невремињата стануваат безбедносна закана
- Американскиот Сенат го усвои планот на Бајден за климата и здравјето
Конференцијата повика енергетската и прехранбената криза поврзана со руската војна во Украина да не влијае на мерките за борба против климатските промени. Потребата од преземање мерки беше истакната во последниот извештај на Метеоролошката агенција на ОН.
Во него, научниците процениле дека глобалната температура на Земјата се зголемила за 1,15 целзиусови степени од прединдустриската ера и дека последните осум години биле најтоплите години досега.
Итноста за решавање на овој проблем беше очигледна во изминатите 12 месеци поради разорните поплави во Пакистан, како и екстремните горештини во Индија и Европа минатото лето.
Светските лидери ќе зборуваат на конференцијата која трае два дена, а по нивното заминување, делегациите ќе започнат преговори за тоа што може да се направи.