Јапонскиот премиер најави јакнење на војската

Jапонскиот премиер Фумио Кишида

Jапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата земја мора итно да ги зајакне своите воени капацитети бидејќи има се повеќе безбедносни ризици, вклучувајќи ги нуклеарните закани од Северна Кореја и руската војна против Украина.

Во меѓународната ревизија на воената флота која се одржа денеска учествуваа 18 воени бродови од 12 земји, меѓу кои САД, Австралија, Канада, Индија, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја, а воени авиони испратија и САД и Франција.

Јужна Кореја се приклучи за прв пат по седум години, со што ги означи подобрените врски меѓу Токио и Сеул, кои беа затегнати поради воените злосторства на Јапонија.

„Безбедносната средина во источното и јужното Кинеско Море, особено околу Јапонија, станува сè понапната“, рече Кишида, посочувајќи на бројните лансирања на ракети од Северна Кореја и зголемената загриженост за влијанието на руската инвазија на Украина.

Кишида рече дека е важно избегнувањето спорови и барањето дијалог, но и дека е неопходна подготвеност да се одговори на провокациите и заканите за мирот и стабилноста. Тој го повтори своето ветување за значително зајакнување на воената способност на Јапонија во рок од пет години.