Пожарникари го гасат пожарот во зградата на „Технометал “

Пожар изби во зградата на „Технометал Вардар“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија веднаш до седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Станарите од околните згради во 17 часот и 10 минути пријавиле во Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје, кои веќе се на терен и интервенираат за гаснење на пожарот.

Пожарникари гасат пожар во зградата на поранешен Технометал Скопје

Пожарникарите на терен велат дека се уште не ја знаат причината за настанувањето на пожарот. Тој избувнал во влезот на зградата и не се проширил нагоре.

Противпожарното возило немаше директен пристап до зградата, па остана паркирано меѓу „Белата палата“ на ВМРО - ДПМНЕ и видеобимот поставен наспроти зградата. Пожарникарите со рачна опрема го гасеа поголемиот дел од пожарот.

Зградата е напуштена, канцеларите испразнети, од нив се речиси сите прозорците извадени како и алуминиумските рамки.

„Технометал“- Вардар отиде во стечај во 2019 година. Новиот сопственик според дел од македонските медиуми планира на нејзино место да изгради хотел.

Зградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. Оваа фирма основана пред 60 години водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матали, неметали и опрема.