МВР- Антитерористички проверки во 4 училишта по дојава за бомба

Евакуирани се ученици и вработениот наставен кадар од четири училишта по дојава за поставена бомба. Од министерството за внатрешни работи велат дека денеска околу 14 часот пристинале на маил адреси закани за поставена бомба во четири училишта.

„Веднаш по добиената пријава од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистувања на случајот“ велат од МВР.

Ова е втор пат како неделава да пристигнуваат закани за поставени бомби во средните скопски училишта. Денеска евакуација е направена во гимназиите „ Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“. Минатата недела три дена по ред, во десетина училишта полицијата правеше проверки по дојави за бомби. До сега тоа беа лажни дојави.

Полицијата во средата повика на разговор едно лице од Скопје во врска со заканите, но лицето беше веднаш пуштено и од обвинителството кажаа дека не е поврзано со испратените закани.

Според досега објавените информации во јавноста од полициските служби, е- мејл пораките се пристигнати од странство.