Случајот со прислушување како и употребата на софтверот за следење Предатор итно и целосно да се расчисти порача денеска истражната комисија ПЕГА составена од европратеници. Европратениците од комисијата, кои ја истражуваат употребата на нелегални софтверски програми, како што е Пегасус, во изминатите четири дена беа во посета на Кипар и Грција.
Тие денеска во Атина одржаа прес конференција, на која говореа за заклучоците од средбите со новинари, владини претставници, прислушкувани лица во двете земји.
Претседателот на комисијат Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета дознале многу работи, но и многу прашања остануваат неодговорени, за што Велд исткна дека си заминуваат, можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале.
Во однос на употребата на софтверот за следење Предатор во Грција, европратениците не добиле не добиле одговор на прашањето кој ја користел конкретната програма и порачаа дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори грчкиот премиер. Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.