Направете го носењето очила кул, со нови емотикони

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тринаесетгодишната Британка, Лори Мур која го убеди Дизни да создаде хероина со очила, сега од седиштата на Гугл и Мета во Лондон бара повеќе опции за емотикони со очила. Доставува писма во кои ги повикува технолошките гиганти да ја прошират својата понуда со надеж дека поголемата застапеност ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат сигурно кога носат очила. Иако стигмата околу носењето очила е минато, сепак многу деца не сакаат да ги носат, а тоа може да има големи последици, вели таа.