Ердоган и Путин се договорија бесплатно да испратат руско жито во сиромашните африкански земји

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се договорил со неговиот колега Владимир Путин руските житарки испратени според договорот за извоз на Црното Море бесплатно да одат во сиромашните африкански земји. „Во мојот телефонски разговор со Владимир Путин, тој рече „да го испратиме ова жито во земји како Џибути, Сомалија и Судан бесплатно“ - и се согласивме“, рече Ердоган во говорот пред бизнисмените во Истанбул.

Русија ќе го продолжи учеството во договорот за жито

До ова уследи откако Москва во средата го продолжи своето учество во договорот за жито постигнат со посредство на ОН и Турција, ставајќи крај на четиридневната несоработка по што продолжи извозот од украинските пристаништа. Претходно оваа недела, Путин рече дека дури и ако Русија повторно се повлече од договорот, ќе го отстапи целиот обем на жито наменет за „најсиромашните земји“ бесплатно од сопствените резерви.