Борел: не можеме да ја ставиме Кина на ниво со Русија

Жозеп Борел

Жозеп Борел

Западните земји треба да ја намалат зависноста од Кина, но не можат да ја стават земјата во една категорија со Русија, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел. „Јасно е дека Кина консолидира нова ера на својата надворешна политика, дека Кина станува многу понаметлива“, им рече на новинарите Борел на маргините на средбата со неговите колеги од Г7 во германскиот град Минстер, додавајќи:

Шолц во Пекинг: Кина и Германија треба да работат заедно во „турбулентни времиња“

„Јасно е дека сакаме да ги намалиме нашите зависности, сакаме да ги решиме нашите ранливости, да ја зајакнеме нашата отпорност. Но, во моментов, многу земји-членки имаат силни економски односи со Кина и мислам дека не можеме да ги ставиме Кина и Русија на исто ниво“.