Илон Маск најави масовни отпуштања во Твитер

Илон Маск за денеска најави почеток на масовни отпуштања во Твитер, со што нагло ќе се намали работната сила на платформата за социјалните медиуми, соопшти компанијата. Сите вработени ќе добијат е-пошта во петок, се вели во известувањето. Оние кои ќе ги задржат своите работни места ќе добијат е-пошта на нивната работна сметка, а оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат известување на нивната лична е-пошта. Вработените беа потсетени да не откриваат „доверливи информации за компанијата“ на социјалните медиуми или во печатот. Отпуштањата доаѓаат откако се шпекулираше дека Маск ќе намали дури 50% од работната сила на Твитер, само неколку дена откако стана шеф на компанијата што ја купи за 44 милијарди долари. Тоа може да значи изгубени илјадници работни места, бидејќи компанијата имаше повеќе од 7.000 вработени на крајот на 2021 година.

Маск најавува месечна претплата од 8 долари за верификуваните Твитер профили

Твитер во е-поштата до вработените соопшти дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и ќе биде суспендиран целиот пристап со цел „да помогне да се осигура безбедноста на секој вработен, како и системите на Твитер и податоците за клиентите“. Маск веќе отпушти неколку врвни директори на Твитер веднаш по преземањето на контролата врз компанијата, вклучувајќи го и главниот извршен директор Параг Агравал, шефот за финансии Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Вијаја Гаде.

Илон Маск ја презеде контролата врз Твитер

Намалувањето на работните места на Маск доаѓа како дел од поширокиот напор да се направи компанијата профитабилна откако ја купи за 44 милијарди долари, цена што тој призна дека претставува „преплатеност“. За да го заврши договорот, Маск предложи комбинација од сопствено финансирање и заеми од приближно 13 милијарди долари, кои сега се соочува со притисок да ги врати.