Бугарскиот парламент гласаше за испраќање на голема воена помош во Украина

Архивска фотографија - Парламентот на Бугарија.

Бугарскиот парламент со големо мнозинство гласаше за испраќање голема воена помош за Украина.

Со тоа беше ставен крај на повеќемесечните тензии и спорови околу оваа тема меѓу политичките партии на земјата-членка на НАТО.

Гласањето 175-49 за одобрување мерката означи редок момент на консензус меѓу длабоко поделениот политички спектар во Бугарија.

Одлуката, која ќе овозможи снабдување на Украина со тешки пушки, како и резервни делови, ја остава Унгарија како единствена членка на НАТО која не одобри снабдување со оружје за Киев од почетокот на руската неиспровоцирана инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Со гласањто бугарскиот Парламент и наложуи на владата да претстави каква воена помош може да ѝ се обезбеди на Украина, во согласност со можностите на Бугарија, во текот на следниот месец.

По средбата, вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов пред новинарите коментираше дека Министерството за одбрана „ќе ја подготви домашната задача“ и дека владиниот предлог ќе биде „крајно конзервативен“.

Дискусијата доаѓа еден ден откако две парламентарни комисии ги одобрија проектите.