Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите

Македонското Собрание денеска го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка. Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини. Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.

До каде ќе оди поскапувањето на лебот

Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи. Пратениците на истата седница го изгласаа и Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита.